Томовски: Ковачевски во ек на криза дава 400.000 евра за 4-дневна саемска промоција на омилената рејтинг агенција на СДС Рејтинг

Од:

„Владата на Димитар Ковачевски, преку генералниот секретаријат во еден ден доделила два тендери во вкупна вредност од близу 400.000 евра на главниот анкетар на антимакедонската СДС, агенцијата РЕЈТИНГ СП-М ДООЕЛ Скопје, во сопственост на Никола Спасов, и тоа за осмислување и реализација на активности за учество на државата на 4-дневен Саем на вино, храна и туризам во Белград, и за осмислување и реализација на 1-дневен Фестивал на храна и вино во Македонија“, рече Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Покрај бројните нарачани анкети своевремено агенцијата Рејтинг, била партиско биро за вработување на кадрите на антимакедонската СДС, имено истата анкетната куќа е фирмата од која што доаѓа Мартин Попов, сега шеф на кабинет на премиерот Димитар Ковачевски.

Омилената рејтинг агенција на антимакедонската СДС во услови на криза и огромна сиромаштија, кога 500.000 наши сограѓани живеат со по 150 денари на ден, од владата на Ковачевски и нивниот поранешен вработен Попов добива близу 400.000 евра.

Нерационално и криминално е да се трошат 400.000 евра народни пари во криза и општа сиромаштија, за работи за кои можат да се завршат и од страна на владините агенции, криејќи се зад превезот „промоција на Македонија“ практично плаќаат за партиска промоција во иднина.

Нејасно е, што точно агенцијата Рејтинг треба да изработи за владата за саемска промоција за 4 дена, и истото да го наплати 400.000 евра.

Дали со тие пари де јуре се покриваат само електронските флаери кои што ги видовме на фејсбук страницата на Димитар Ковачевски, а де факто се покриваат нарачаните анкети на партијата во иднина?

СДС треба да знае дека анкетите во реалност се прават за реални цели, а не за хранење на и тие малку партиски членови, кои ја имаат изгубено довербата во нив.

Ниедна таканаечена промоција или анкета ќе ги спаси од пораз.

Но за парите на граѓаните кои немилосрдно ги трошат во време на криза ќе мора да одговараат“, изјави Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски