(ВИДЕО) Томиќ за учеството на Живаљевиќ во крвавиот четврток: Од мене нема да добиете ништо повеќе

Од:

Српската амбасадорка во Скопје, Душанка Дивјак Томиќ утрово беше во Министерството за надворешни работи на Македонија каде требаше да објасни што барал нејзиниот советник и офицер на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Горан Живаљевиќ во Собранието кога толпата тепаше пратеници.

Живаљевиќ тогаш изјави дека ги следел настаните од терен со цел да види дали во толпата има срби, а истото го кажа и премиерот на Србија Александар Вучиќ.

Дивјаќ Томиќ по средбата во МНР рече дека се што требало да се каже е веќе кажано.

– Од мене нема да добиете ништо повеќе. МНР ќе реагира дипломатски, рече Томиќ.

И српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ, соопшти дека Живаљевиќ не се мешал во внатрешните работи на Македонија.

– Не извршил никакво дело, не се мешал во внатрешните работи на Македонија и затоа нема причина кој било да протестира против нас поради тоа. Негова задача е тој да не информира, рече Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик