Тодоровиќ се спасува од предметот за „Скопје 2014“ благодарение на измените во Кривичниот законик

Од:

Поранешниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ се спаси од обвинение во истрагата „Феникс“ благодарение на ублажените казни со измените на Кривичниот законик.

Тој беше осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување, за дела сторени во 2013 година, но со законските измени, наместо во 2043 година, застарување се случува годинава. Истрагата за проектот „Скопје 2014“ почна во јуни, кога и Тодоровиќ доби мерка за претпазливост, куќен притвор. Но таа мерка, како што потврдуваат од Обвинителството за А1он, минатиот петок била укината.

А мерката е укината затоа што застарувањето на делото годинава не дава простор да заврши судењето и да се докаже дали Тодоровиќ го сторил делото кое му се става на товар или не, бидејќи ваквиот тип на судења речиси без исклучок траат со години. Сепак, останува меѓу осомничените се додека фактички не настапи застарување на делото.

„Мериторна одлука по предметот не е донесена. Тоа што е пуштен од домашен притвор не значи дека е сопрена постапката“, велат за А1он од Обвинителството.

Во „Феникс“, освен Тодоровиќ, осомничени се уште 14 други лица, меѓу кои експремиерот Никола Груевски, како и поранешните министри за финансии и култура, Зоран Ставрески и Елизабета Канческа-Милевска, но и италијански граѓанин. Истрагата опфаќа седум правни лица, од кои три се правни лица од Италија.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај