Сојузот за иднината денеска на протестот пред Министерството за здравство ги развеселија вработените во институцијата со песни, како што практикуваат да протестираат. За разлика од нив, ние не се занимаваме со пеење, туку се занимаваме со имплементација на конкретни проекти, со конкретни дела за подобрување на состојбата на граѓаните.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Никола Тодоров одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција за отворање на 51 аптека во рурални средини и во поголеми населени места.
– Набавивме опрема, тие не, набавивме нови амбулантни возила, тие не, ги намаливме цените на лековите кои никогаш претходно не беа намалени, тие не, сериозно инвестираме во инфраструктурата, градиме болници, тие не. Тие пеат, ние не, рече Тодоров.