Тодоров во посета на Рим

Од:

Министерот за здравство Никола Тодоров кој денеска престојува во работна посета на Рим, ќе се сретне со својот италијански колега Ренато Балдузи.

Како што соопшти Министерството за здравство, Тодоров и Балдузи ќе разговараат за остварување соработка за обука на лекари, спроведување добра медицинска пракса и посета на нивни лекари во Македонија со акцент на интервенции кои не се вршат во државата.

Во рамки на еднодневната работна посета, Тодоров ќе посети три поголеми болници, Сан Џовани, Џенели, како и педијатриската Бамбино Џезу во Ватикан, со која ќе биде потпишан договор за соработка. Целта е размена на искуства и медицински персонал меѓу Република Македонија и Република Италија.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!