Тодоров: Во Македонија нема фалсификувани лекови, ниту лекови со намален квалитет и ефикасност

Од:

Во Република Македонија нема фалсификувани лекови, ниту пак лекови со намален квалитет и ефикасност. Се прави контрола на влез на прв увоз на сите регистрирани лекови во државата.

Преку Бирото на лекови направивме контрола на лекови од полица во речиси сите аптеки во државата. По случаен избор беа земени примероци од 200 лека кои се испитуваа во најсовремените лаборатории – на Фармацевтскиот факултет и на Институтот за јавно здравје.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој се обрати на третата Регионална конференција на Советот на Европа, посветена на фалсификувањето на фармацевтски производи, како сериозна потенцијална закана за јавното здравје, која вчера и денеска се одржа во Скопје.

– Со оваа политика ќе продолжиме и во наредниот период. Ќе продолжиме и со политиката на силна соработка со сите земји во регионот, а особено е значајна соработката и улогата што ја имаат и Царината и полицијата во Република Македонија и нивните колеги и институции од регионот со кои активно работат на борбата против шверц на лекови, фалсификувани лекови и нивно влегување по нелегални патишта во државата, посочи Тодоров.

Негова констатација е дека во Република Македонија има многу стегнат систем на контрола на лековите и оневозможување на фалсификувани лекови да бидат присутни на македонскиот пазар на лекови.

Директорката на Бирото за лекови, Катерина Алексоска укажа на неопходноста од подигнување на свеста на граѓаните дека мора да купуваат лекови кои се регистрирани во државата.

– Досега не се најдени фалсификувани лекови во аптеките. Тоа значи дека ќе продолжиме со заедничка соработка во сите релевантни институции, а тоа се Царината и полициијата. Ова е еден организиран настан со кој ќе ја зацврстиме не само националната стратегија, туку и меѓународната стратегија, што значи ќе продолжиме по стапките на Европа што ја стави основата на оваа Медикрајм конвенција, а тоа е да продолжиме со законската регулатива да ја имплементираме во нашиот закон и во државата.

Претставници на Советот на Европа на конференцијата истакнаа дека се соочуваат со мрежа на криминалци кои треба да се прогонуваат судски и токму за тоа е наменета Медикрајм конвенцијата, која е од сферата на кривичното право, а е предложена од СЕ.

– Ние во Советот на Европа сме подготвени да ви пружиме помош во таа сфера, а вие можете особена помош да дадете со потпишувањето и ратификувањето на оваа конвенција, посочија претставниците на Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство