Тодоров: Суштината на моделот „плаќање по учинок“ не е да ги казнуваме докторите

Од:

Суштината на моделот „плаќање по учинок“ не е да ги казнуваме докторите. Нашата идеја беше да имаме прилично избалансирано ниво на работа меѓу сите доктори во една иста јавна здравствена установа.

Оние доктори што покажуваат послаби резултати да бидат казнети, а другите наградени, изјави министерот за здравство Никола Тодоров додавајќи дека тоа е целосно во рамки на Колективниот договор, потпишан во здравството уште во 2005 година.

Tодоров, на денешната отворена седница на Владата, рече дека целта на моделот е, докторите да се натпреваруваат и бидејќи се работи за нов систем, нормално е да има определени нејаснотии, а некогаш, како што рече, можеби имаше и намерни погрешни внесови.

– Како поминува времето и како постојано ова го потенцираме, се повеќе и повеќе се намалува тој грешен внес пред исплатата на платите, додаде Тодоров.

Министерот за здравство потенцира дека бројот на доктори кои се во групата со 100 отсто плата се зголемува од месец во месец.

– Тоа значи дека мерката има ефект. Ако некој се најде во групата на оние кои имаат намалена плата еден месец или два месеци веднаш потоа гледаме корекција и наредните месеци тој е или во групата на тие што имаат 100 отсто плата и ако вложил дополнителни напори можеби е и во групата која е наградена, истакна Тодоров.

Ова, како што рече, не е нешто што сега ние го наметнавме, туку искористивме постојано законско решение, предвидено во Колективниот договор.

Потсети дека генерално моделот „плаќање по учинок“ почна со имплементација на цела територија на Македонија, во сите јавни здравствени установи од 1 јули годинава. Иако, како што рече, претходно во 17 здравствени установи низ Македонија одеше како пилот-проект, почнувајќи од февруари.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Таравари: До крајот на годинава ќе се вработат 300 приватни специјализанти

Бојчевски: Приоритет на новата влада да бидат здравствените работници кои повеќе од пет години се без здравствено и пензиско осигурување

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Продолжува штрајкот на специјализантите: „Нема желба од Владата да се решат нашите проблеми“

A1on

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина