Тодоров: Со паралелниот увоз на лекови постигната е огромна заштеда

Од:

Речиси шест милиони евра се заштедени со централизираната набавка на лекови за јавните здравствени установи овозможена преку паралелниот увоз на лекови.

Најголема заштеда од над два милиона евра на годишно ниво има кај лекот што се користи кај пациенти болни од леукемија, а значителна заштеда од приближно 813 илјади евра е постигната и кај лек што се користи како раствор за инектирање кај пациенти болни од карцином.

Според министерот за здравство Никола Тодоров, со паралелниот увоз на лекови постигната е огромна заштеда на здравствениот буџет.

– На Универзитетската клиника за хематологија претходно овој лек се набавувал за 3.149 денари, а со централизираната набавка со овозможен паралелен увоз лекот е набавен за 198 денари. На Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија лекот се набавувал за 32.621 денар, а сега за 25.096 денари, посочи Тодоров.

Заштеда од над 300 илјади евра на годишно ниво има и кај лекот со генерика „capecitabine“ чија потрошувачка на годишно ниво е над 654 илјади таблети.

Со оваа централизирана набавка, најголема заштеда има Клиниката за хематологија со над 1.862 илјади евра на годишно ниво, а Клиниката за онкологија и радиотепарија на годишно ниво заштедува над 1.734 илјади евра.

Министерството за здравство најави дека ќе продолжи со централизираната набавка на лекови.

– Подготвуваме огромна набавка за околу 700 лекови за кои очекуваме тендерот да биде распишан на почетокот на септември. И за нив очекуваме сериозна заштеда. Се планира двегодишна набавка, односно за 2015 и 2016 година, појасни министерот Тодоров.

Со централизираната набавка на лекови беа опфатени 74 здравствени установи кои забележаа значителна заштеда на средства.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски