Тодоров: Со опремата за новиот Медицински симулациски центар ќе се надградат вештините и знаењата на докторите

Од:

Министерството за здравство распиша тендер за набавка на опрема за новиот Медицински симулациски центар во вредност од 37 милиони денари. Отворањето на понудите ќе се одржи на 16 септември, а се очекува опремата да пристигне до крајот на годинава.

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска на прес-конференција рече дека станува збор за набавка на еден лапароскопски симулатор и за симулатор на пациенти – еден адултен и еден педијатриски. Овие симулатори ќе се користат за стекнување на практични знаење на студентите, специјализантите и за продолжување на лиценцата на докторите.

Ова, посочи Тодоров, е со цел унапредување на вештините и знаењата на докторите на медицина, специјалистите и супспецијалистите, при што задолжително ќе се врши видеоснимање на сите ендоскопски и лапароскопски интервенции, роботска хирургија и сите други интервенции каде што опремата овозможува видеоснимање.

– Исто така, во Медицински симулациски центар ќе бидат опфатени и хируршки интервенции кои вклучуваат хируршки методи кои се нови или методи кои не ги имаат совладано мнозинството специјалисти, односно супспецијалисти во здравствената установа, кои се вршат во здравствените установи во државата, потенцира Тодоров.

Нагласи дека овие симулатори реагираат како вистински пациент и секоја постапка ќе се снима, при тоа ќе се овозможи да се корегираат грешките.

– Ваквите видеоснимки на интервенциите ќе се користат и за образовни цели на Медицинскиот факултет, како и за потребите на унапредување на вештините и знаењата на докторите на медицина, специјалистите и супспецијалистите во здравствените установи. Медицинскиот симулациски центар има обврска да прави база на видеоснимки на интервенции, додаде Тодоров.

Тој рече дека она што е важно е дека со овие симулатори ќе може реално да ги мерат вештините на докторите, а ќе се зголеми и квалитетот на здравствената заштита.

– Може да се види каде е направена грешка и дали целата интервенција била успешна. Ова е важно не само за студентите, туку и за оние кои сега оперираат, бидејќи се случуваат сериозни импликации по здравјето на пациентот во случај на грешки при здравствени интервенции, додаде Тодоров.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство