Тодоров со камери ќе ги лови крадците на чешми од Стоматологија

Од:

Доаѓале со расипани заби а си заминувале со чешми под мишка. 50 чешми биле украдени од тоалетите во Стоматолошкиот клинички центар.

Но некои не се задоволуваат само со чешми, па така тоалетите ги „чистат“ и од течен сапун и тоалетна хартија, други пак, само го кршат инвентарот.

Министерот за здравство, Никола Тодоров ги сослуша поплаките на менџаерите, констатираше дека се работи за домашно воспитување, и најави дека ќе ги лови крадците-пациенти со видео камери.

„Ќе има камери ние ќе им помогнеме за тоа. Од набавката што ја правиме ќе одделиме и за овој центар, вели Тодоров.

Ќе се ловат крадците, но ќе се ловат и нови пациенти и тоа со нова опрема и подобри услуги.
Нови 20 стоматолошки столици, три автоклави и еден панорамски рендген се инсталирани на клиниките за ортодонција, орална хирургија и за болести на устата и парадонтот, при универзитетскиот Стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“.

Десет стоматолошки столици се заменети со нови, а извршена е и комплетна реконструкција на подот, плочките и водоводната инсталација на Клиниката за ортодонција.

„На тој начин ќе се врати реномето во поглед на бројот на пациентите, кој го имаше порано оваа здравствена установа. Столовите беа 15 до 20 години стари и даваа многу лоша слика за состојбата во Стоматолошкиот клинички центар и ги одвратуваа пациентите да добиваат услуги во оваа установа. Опремата е набавена од заштедите што ги направија двајцата директори во функционирањето на клиниката“, изјавиТодоров.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство