Тодоров: Се подобрува јавното здравје во Македонија

Од:

Министерот за здравство Никола Тодоров на денешната прес-конференција информираше за измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, усвоен од Собранието на Република Македонија.

Со овој закон е утврдено да се обезбедуваат средства од акцизите за пиво и алкохол, или 1 денар на 1 литар пиво и 40 денари на 1 литар чист алкохол. Средствата ќе бидат наменети за Министерството за здравство, пред се за финансирање на промотивните програми на ресорното министерство. Овие одредбите ќе почнат да се применуваат од 13 јули 2013 година.

– Очекуваме овој износ да се движи меѓу 250 и 300 милони денари годишно и сериозно ќе помогне за подобрување на јавното здравје во Република Македонија, рече Тодоров.

Министерот за здравство објасни дека избраниот лекар е должен да ги упатува пациентите на секундарно и терцијарно ниво на здравствена заштита за специјалистичко-консултативните услуги преку електронската листа на закажани прегледи и интервенции. Со оваа измена, како што рече, се внесува концептот на електронско упатување и на електронски рецепти.

Медицинскиот директор на здравствената установа во мрежата на секундарно и терцијарно ниво на здравствена заштита е должен да определи календар со слободни термини за специјалистичко-консултативни услуги однапред, најдоцна до десеттиот ден во тековниот месец за следниот месец. Сите доктори кои работат во специјалистичко-консултативна дејност имаат обврска календарот да го изготват најдоцна до петти во тековниот месец и да го достават до директорот на ЈЗУ.

– Бројот на утврдени слободни термини во текот на месецот не смее да биде помал од просечниот број на извршени специјалистичко-консултативни услуги за истиот месец во претходните две години. Доколку докторот работи како специјалист помалку од две години, просечно за вкупниот период додека работи. Со ова сакаме да спречиме можност да се креираат вештачки листи на чекање, потенцира министерот за здравство.

Со овој закон, здравствениот работник кој врши хируршки интервенции во здравствените установи сам го определува терминот за хируршката интервенција во договор со пациентот. Медицинскиот директор на здравствената установа го определува времетраењето на секоја хируршка интервенција, без компликации и со компликации врз основа на меѓународни прифатени стандарди, односно стандарди на професионални медицински здруженија.

Пациентите се должни да го почитуваат терминот закажан преку електронската листа на закажани прегледи и интервенции. Доколку пациентот задоцни на терминот закажан преку електронската листа на закажани прегледи и интервенции во текот на денот, може да биде примен по завршувањето со сите други закажани термини на крајот на работниот ден. Ако пациентот не се јави на закажаниот термин преку електронската листа на закажани прегледи и интервенции во денот кога е закажан, повторно треба да закаже термин преку матичниот лекар.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство