Тодоров причина за лош извештај за судството од Фридом Хаус

Од:

Во последниот извештај на Фридом Хаус, сосотјбите во судството не се оценети добро а како причина се наведуваат политичкиот притисокот на министерот за здравство врз судот, влошување на состојбите со судскиот систем, како и „насилството кое изби по отвoрањето на истрага за убиството“.

freedom-nations2013

Во извештајот кој се однесува на целата 2012 година, се коментира дека ваквите случувања отвораат сериозни сомневања во изгледите за сеопфатни реформи во судството и напорите за борбата против корупцијата.

Заедничко за извештајот за Западен Балкан е дека со процесот на пристапување кон ЕУ, земјите се мотивирани да спроведуваат реформи и механизми кои гарантираат демократски институции и функционална пазарна економија, но и дека имплементацијата на истите реформи во праксата воопшто не се одвива пред се поради недостаток на политичка волја.

Како исклучок се наведуваат Србија и Хрватска за кои се вели дека во изминатите 3 години имаат мал напредок на ова поле, додека Косово, Македонија, Албанија и БиХ имаат тренд на „вознемирувачко опаѓање“, кога се во прашање состојбите во судскиот систем.

Основниот суд Скопје 2, во септември минатата година го забрани штрајкот на македонските лекари, откако Министерството за здравство ја побара оваа мерка.

lekari protest vlada

Во ставот на судот беше наведено дека Самостојниот синдикат на лекарите не навел причини под кои услови и на кој начин ќе се одвива штрајкот.

Синдикатот тогаш се посомнева во независноста на судската одлука.

Би можело да ве интересира

Таравари по извештајот на „Фридом хаус“: Да се ​​отстрани корупцијата од власта, да се отвори вратата за новата генерација

Пад на Македонија во извештајот на Фридом хаус: Назадување во владеењето на правото и борбата со корупција

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Македонија останува делумно слободна земја според „Фридом хаус“

Катерина Ѓуровски

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада