Тодоров: Нова опрема вредна милион евра за Инфективната клиника

Од:

Од 11,5 милиони евра за опрема што ќе се набавува за кампусот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, eден милион евра ќе бидат наменети за набавка на апарати за Клиниката за инфективни болести. 

Ова го изјави вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, кој денеска беше во работна посета на Клиниката за инфективни болести каде се сретна со менаџментот на таа јавна здравствена установа. Особено значајно, посочи, е што тука ќе се набави нов мобилен рендген апарат.

– Со ова ќе се реши децениски проблем затоа што досега сите пациенти особено пациентите на интензивната нега кога имаа потреба од вакво снимање, а многу често има потреба од вакво снимање беа транспортирани од Инфективната клиника до Радиологија и назад. На тој начин се загрозува и пациентот, но и околината имајќи предвид дека станува збор за заразни болести, рече Тодоров.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот