Тодоров: Нема најави за лидерска средба, но очекувам брз напредок

Од:

Никола Тодоров очекува набрзо да има напредок во преговорите меѓу четирите партии за целосно спроведување на Пржинскиот договор, но како што кажа, нема најави за нова лидерска средба и се уште нема нешто опипливо.

– Јас и пред некој ден кажав каде стои ВМРО-ДПМНЕ и каков е ставот на партијата во делот на избирачкиот список, така што очекувам дека многу брзо ќе има некаков напредок, рече Тодоров.

Каракеристика за СДСМ станаа деструкцијата, вандализамот, уништувањето и теророт и казнувањето на сопствениот народ само затоа што не ги поддржува, рече Тодоров за вчерашните протести на Шарената револуција.

– Многу брзо народот ќе дојде по своето. СДСМ треба да знае дека како се доближува денот кога народот ќе си дојде по своето така ќе се зголемува лудилото и вандализмот во СДСМ. Но, како се зголемува тоа лудило и вандализам така ќе се зголемува и казната што народот ќе ја испорача кон нив, рече Тодоров.

Би можело да ве интересира

Украинците предлагаат целосeн прекин на огнот

Горан Наумовски

Зеленски: Москва прави сè што може за да биде неуспешен следниот состанок

Москва чека одговор од Киев дали ќе има состанок во Истанбул на 2 јуни

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Завршија руско-американските разговори во Истанбул