Тодоров: Намален бројот на повици во Итната помош, граѓаните ги почитуваат препораките

Од:

Бројот на повици и интервенции во Итната медицинска помош е сведен на околу 70 дневно што е значително помалку во споредба со претходно кога имало околу 120 до 130 интервенции во текот на денот, информира денеска министерот за здравство Никола Тодоров по посетата на Итната медицинска помош во Скопје.

Оцени дека речиси во сите делови на функционирање на здравствениот систем има сериозно помал број побарани интервенции во однос на лани. Епидемиолошката состојба во делот на акутните и заразни заболувања во државата, вели, е стабилна и мирна и бележи позитивни здравствени тенденции во однос на минатата година. Нема зголемување на бројот на повици од хронично болните, а во текот на вчерашниот и завчерашниот ден евидентирани се по два колапси дневно.

– Од сите показатели можам да констатирам дека препораките кои ги даде Владата за поместувањето на работното време од 07 до 15 часот, препораките за неработење од 11 до 17 часот за градежните работници, како и препораките за постарите и бремените лица вродија со плод и имаме позитивни здравствени тенденции. Најмногу ме радува што граѓаните сериознo ги сфатија препораките и ги почитуваат, истакна Тодоров.

Во изминатите пет дена од мобилните здраствени пунктови поставени во Скопје и другите градови низ државата здравствен совет побарале 3.340 лица од кои 1.554 на трите пункта во Скопје.

Позитивна тенденција има и во делот на кардиологијата каде се евидентирани околу 10 прегледи или хоспитализирања, како и во инфективниот дел каде има сериозно намалување на бројот на пациенти кои побарале помош.

Определено зголемување е забележано во бројот на мозочните удари што, според Тодоров, е карактеристично за овој период, но сепак и тие се во рамки на нормалата.

Она што загрижува, смета Тодоров, е бројот на сообраќајни незгоди кој се движи од три до четири дневно на територијата на Скопје поради што апелираше до возачите, особено оние кои управуваат скутери и мотори, да возат внимателно.

Итната медицинска помош во Скопје работи со 40 тима лоцирани на четири пункта низ градот. Во смена работат по пет тима.

– Како Министерство за здравство сериозно сме фокусирани на Итната медицинска помош затоа што сметаме дека таа е првиот контакт што се воспоставува меѓу здравствениот систем и пациентите во итни случаи. Затоа набавивме 70 амбулатни возила за кои договорот е веќе склучен и очекувам до крајот на годината тие да бидат испорачани. Возилата ќе бидат комплетно опремени со најсовремена опрема што треба да ја има секоја медицинска помош, нагласи Тодоров.

Во делот на вработувањата истакна дека се обезбедени повеќе согласности за вработување и оти најголем дел од нив ќе бидат распределени во Итната медицинска помош или пак некои доктори кои веќе работат ќе бидат распределени во Итната медицинска помош.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство