Тодоров на средба со синдикатите за здравство

Од:

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска напладне ќе се сретне со претставници од синдикатите за здравство.

На средбата се очекува да стане збор за актуелните случувања во здравството, за проектот за плаќање по учинок поради кој штрајкуваат лекари специјалисти од Клинички центар. Од Министерството за здравство најавуваат дека по средбата ќе следи изјава за медиумите.

Состанокот кај министерот Тодоров следува по минатонеделната средба што претставници на синдикатите ја имаа со премиерот Никола Груевски. Тој неодамна изјави дека како Влада остануваат на реализацијата на проектот, но оти се отворени за разговори доколку има било какви проблеми со бодувањата.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор

ДУИ: Здравството е сектор кој треба да служи за спасување животи, а не за создавање богатство за фамилијарни кланови

Горан Наумовски