Тодоров ја скенира состојбата во Струмичката општа болница

Од:

Скенирање на состојбите во Општата болница во Струмица,  детектирање на организациските и оперативните проблеми со цел нивно решавање, ќе биде извршено во текот на оваа недела, изјави министерот за здравство Никола Тодоров кој придружуван од тим стручни соработници од Кабинетот, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Фондот за здравствено осигурување, како и еминентни доктори од универзитетските клиники од денеска се во петдневна работна посета на оваа здравствена установа.

Тој посочи дека оваа работна недела е во рамки на проектот „Кајзен менамент“, кој веќе функционира во Министерството и ги дава своите резултати во болниците кои ги посетиле.

– Ова е петта примена на овој јапонски систем. Овие денови најотворено ќе проговориме за сите проблеми. Тука имаме професори и доктори од  клиниките кои ќе ги пренесат своите знаења, искуства и вештини во спроведување нови практики  и се надевам на успех. Најпрво ќе ги проследиме организациските проблеми, функционирањето на амбулантите, како и функционирањето на електронското закажување кај специјалистите со цел профунционирање на проектот „мој термин”, рече министерот Тодоров.

Одговарајки на новинарски прашања истакна дека во Струмичката болница веќе е исталиран ангиографот кој го набави Владата.

– Се прават определени финални тестирања, а ќе почнат да се даваат здравствени услуги тогаш кога професорите од Клиниката за кардиологија ќе потврдат дека може да се даваат здравствени услуги овде во Струмица. Веќе се испратени доктори на обуки и имаме договорено и странски доктор кој ќе присуствува два месеци во Струмица, но сакаме да имаме континуитет. И тука ќе го примениме моделот како во Битола, каде подолго време претстојуваа доктори од Скопје и по добиената сигурност во подготвеноста во Битола почнаа самостојно да работат. Ова е сложена здравствена услуга и бара време и посветеност, потенцира Тодоров.

Директорот на Струмичката општа болница Анкица Анговска ја нагласи подготвеноста на менаџментот и целиот персонал во детектирање и разрешување на проблемите во ова ЈЗУ.

– Во моментот најголем приоритет е решавањето на оперативниот блок кој со оглед на регионалната поставеност не може да ги даде потребните услуги и сме принудени да ги препраќаме во други центри. Мислам дека со мали дообуки на нашите колеги и проширување на оперативниот блок ќе можеме да го зголемиме обемот на интервенции, а нашите колеги да го докажат она што го знаат и работат, рече Анговска.

Министерот Тодоров најави  покрупно решение на Гинеколошко-акушерскиот оддел во Струмичката општа болница во која годишно се раѓаат до 1.200 деца.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство