Тодоров: Изградба на 22 киллометри пат за поврзување на Куманово и Крива Паланка

Од:

Носителот на листата за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Третата изборна единица Никола Тодоров денеска во Крива Паланка изјави дека меѓу најголемите планирани проекти во таа општина е изградба на патот од Куманово до Крива Паланка, делница од Ранковце до Крива Паланка, во должина од 22 километри.

– Тоа ќе биде експресен пат којшто би требало да започне со градба во 2016, а да заврши во 2018 година. Станува збор за крупен инфраструктурен проект кој ќе овозможи многу подобро инфраструктурно поврзување помеѓу Куманово и Крива Паланка, но и Скопје и Крива Паланка, а исто така и дел практично од Коридорот 8 за поврзувањето помеѓу Скопје и граница со Република Бугарија. Проектот е во вредност од 66 милиони евра, истакна Тодоров.

Во Крива Паланка тој имаше средби со граѓани и ја посети манифестацијата „Велигденска традиција“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина