Министерот за здравство Никола Тодоров денеска го посети Центарот за традицонална кинеска медицина кој работи во рамките на Факултетот за медицински науки при универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Тодоров забележа дека досега во овој Центар здравствени услуги имаат добиено околу 500 пациенти.
– Преку традиционалната кинеска медицина се даваат услуги на пациенти кои што се со хронични и акутни заболувања. Во овој Центар работат експерти кои што беа на едукација во Кина, некои од нив на шест месеци, некои подолго на две години. Има и професор од Кина кој што со нашите доктори, физотерапевти работи овде во Центарот за традиционална медицина, вели Тодоров.
Министерот за здравство најави дека ваков Центар за традиционална кинсека медицина ќе се отвори и во Скопје.
– Веќе работиме на тоа услуги од традиционалната кинеска медицина да се даваат и во амбулантата во Тафталиџе во Општина Карпош, рече Тодоров и додаде дека поради големиот интерес планираат Центарот со своите услуги да се прошири и во некои други градови во источна Македонија.