Тодоров два часа работеше на шалтер во болница

Од:

Невообичаена слика во Градската општа болница. Првиот човек во здравство ги услужуваше на шалтер пациентите.

На несекојдневен , но за него веќе својствен начин, Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје и притоа повеќе од два часа со тимот на болницата примаше пациенти, закажуваше термини за снимање и ги согледуваше проблемите при работата.

Тодоров рече дека сакал лично да се увери со кои проблеми се соочуваат пациентите и персоналот на шалтерите.

– Секогаш е подобро кога од прва рака ќе го видиш проблемот. Тогаш можеш да се распрашаш, да поразговараш со луѓето, да размислиш за решавање на проблемот. Ваквите институции се едни од најбитните во македонското здравство, каде се слеваат пациенти од цела Македонија, па секој кој сака да биде одговорен, треба да има сличен пристап, изјави министерот Тодоров.

 

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!