Тодоров: Државата има обврска да се грижи за своите граѓани и надвор од Македонија

Од:

Државата има обврска да се грижи за своите граѓани во и надвор од Република Македонија и ние тоа го правиме. Со амбулантно возило со доктор, сестра и возач кои денеска ќе тргнат од Скопје и ќе се упатат кон Унгарија ќе бидат транспортирани двајцата повредени во сообраќајната несреќа што пред неколку дена се случи кај унгарскиот град Ѓер.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека едниот од повредените е жена која има потрес на мозокот и мора да биде транспортирана во лежечка положба, додека другиот повреден е маж кој има полесни повреди и ќе биде транспортиран со возилото на дополнителен простор – дополнителен лежај или седиште кое што ќе биде поставено во возилото.

avtobus-budapest-mkdСообраќајната несреќа се случи на 26 април во близина на Будимпешта кога автобус на компанијата „Тото“ што сообраќаше на релација Скопје – Прага излета од патот и падна во канал.

Во несреќата беа повредени 28 лица од кои 21 се македонски државјани, четворица чешки, а тројца бугарски државјани. Останатите македонски патници кои се здобија со полесни повреди во меѓувреме беа пуштени од болница и за нив беше организиран превоз за Скопје.

Би можело да ве интересира

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството