Тодоров: Државата има обврска да инвестира во подигнувањето на вештините на докторите

Од:

За едукација на здравстевните работници за оваа година со која ќе бидат опфатени 500 доктори, специјалисти, специјализанти, општи лекари и сестри обезбедени се 30 милиони денари од буџетот на Министерството за здравство, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.

Тој појасни дека обуката е бесплатна, а средствата се наменети за трошоци за престој и за патните трошоци за здравствените лица. Слична програма е предвидена и за следната година, а целта е вели, целосна промена на пристапот, на нивото на знаења и вештини кај докторите и особено за методи кои не се изведувани кај нас во Македонија и за кои пацинетите досега се праќале во странство, како и за целосно искористување на апаратите.

– Ова е исклучително битно за нас затоа што докторите досега беа препуштени сами да се снаоѓаат за нивна доеадукација. Затоа што волја кај докторите за доедукација за нови методи секогаш постоела, но биле приморани да тропаат по врати на веледрогерии, на фирми, да бараат спонзорства и донации за да може да се едуцираат, а потоа тоа знаење и вештина што ќе го стекнат да го користат за подобрување на здравјето за целата нација. Ако е тоа така тогаш државата има обврска да инвестира во подигнување на нивните вештини, од една страна за добро на пациентите, од друга за добро на докторите, рече министерот за здравство Тодоров по отворањето на Лабораторија за морфолошки и функционални нарушувања на локомоторен систем и на Имунолошка лабораторија на Клиниката за ревматологија во Скопје.

Првите кандидати за обука од оваа година се веќе заминати во странство, а досега низ Програмата за доедукација поминале 89 доктори и сестри.

Би можело да ве интересира

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор