Тодоров дал 2.585 евра, пари од народот за да си го рекламира својот говор

Од:

Министерот за здравство  Никола Тодоров, платил 2.585 евра  народни пари за да си го изрекламира својот говор и ставови за штрајкот во здравството.

„Во пет дневни весници го огласи својот говор од вчерашната прес-конференција. Ако се погледнат ценовниците на весниците на нивните интернет-страни, Тодоров за објава на своето обраќање закупил простор за што платил вкупно 2585 евра, пари од буџетот на Министерството“, објави АЛФА ТВ.

Министерот Тодоров , кој до вчера не ги препознаваше штрајкувачите, и велеше дека штрајк не постои, вчера одржа долг говор на прес-конференцијата, со серија обвинувања и етикетирања за лекарите-штрајкувачи.

Штрајкот го нарече политичка манипулација.

„Видоа дека не им проаѓа така лесно сценариото со лажење и манипулација да креираат незадоволство, немаат масовност и не можат да ја реализираат замислата на партискиот шеф да извадат на улица стотици доктори“- изјави вчера министерот.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Се апсат лица кои незаконски делеле пензии и финансиска помош за туѓа нега

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница