Никола Тодоров од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ побара Државната изборна комисија да ја повлече одлуката за графолошко вештачење на потписот на Фатиме Сулејмани од Гостивар.
-Државната изборна комисија донесе скандалозна одлука за графолошко вештачење, тоа е незапаметена одлука досега. Апелирам до членовите да ја корегираат оваа одлука и да не дозволат ДИК да работи спротивно на законските прописи, рече во изјавата од пред партиското седиште Тодоров.