Тодоров: Да се искористи позитивниот момент за надминување на недоразбирањата со здравствените синдикати

Од:

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска во Охрид истакна дека позитивните придвижувања во преговорите со синдикатите од здравство треба да се искористат за надминување на несогласувањата.

Тодоров лично цени оти дигнитетот на целиот здравствен систем и на самата професија не дозволува тоа да се прави преку средствата за јавно информирање.

– Многупати напоменав дека не ми е својствено преговорите да се водат преку медиумите. Сметам дека дигнитетот на целиот систем и на самата професија не дозволува тој тип преговори да се водат преку медиумите. Затоа и постојано избегнувам да давам оценки за тоа како течат разговорите, меѓутоа сметам дека во овој момент има позитивно придвижување и треба да го искористиме овој моментум да се најде начин како да се заврши целата работа, истакна Тодоров.
На новинарско прашање во врска со стопанисувањето со паркинг-просторот на Клиничкиот центар во Скопје, Тодоров рече дека се работи за една од негативностите што во наследство се оставени од претходната политичка гарнитура.

– Се работи за еден штетен договор склучен во време на управувањето на СДСМ. Тој договор е поништен со правосилна судска одлука и затоа е вистина кога говориме дека нема кредибилитет СДСМ да говори за мерки и политики што треба да се водат во здравството кога ваквите одлуки го покажуваат спротивното, рече Тодоров.

Појасни дека откако со правосилна судска одлука тој паркинг-простор и е вратен во користење на државата, Владата корисничкото право му го пренела на градот Скопје, со тоа што поделбата на приходите ќе се регулира на начин што средтвата остварени од наплатата за паркирањето ќе се делат по една третина за градот, за јавното претпријатие што ќе управува со просторот и една третина за буџетот односно за Министерството за здравство.

– На тој начин и градот Скопје и државата ќе имаат приходи од просторот, кои натаму ќе бидат наменети дел за потребите на општината Скопје, дел за инвестиции во областа на здравствената заштита, додаде министерот Тодоров.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство