Тодоров да не лаже за расипаниот лифт, поради што Градска болница враќа итни пациенти!

Од:

Никола Тодоров и директорката на Градската болница во Скопје, Јасминка Чабуковска да не лажат, туку веднаш да ја оспособат болницата за итни случаи кои поради расипан лифт се препраќаат по други болници!

Еве документ во којшто лично директорката Чабуковска наведува дека поради дефект на лифтот, итните пациенти треба да се пренасочуваат во други здравствени установи.

Втората по големина хируршка клиника во Македонија препраќа пациенти на кои им е потребна итна операција, по други клиники, затоа што во болницата бил расипан лифтот!

Недозволиво е Никола Тодоров во чии раце е здравјето на граѓаните да продолжува да лаже, бидејки, ако има несакани последици по здравјето на некој пациент, ќе има сериозна одговорност!

Според нашите информации од Градската болница, се враќаат пациенти со напад на слепо црево, со преплет на црева, повредени граѓани на коишто им е потребна итна хируршка интервенција.

Лекарите велат дека се во лоша ситуација кога ќе видат дека на некој пациент му е потребна итна помош, а тие не можат да го примат затоа што нема со што да го качат во операциските сали.

Дека итните пациенти се препраќаат последните 10-тина дена од Градската болница по други установи, што се поклопува со известувањето за расипаниот лифт, потврдува и вчерашната изјава од раководството на болницата 8 септември.

Ова што се случува во Градската болница во Скопје уште еднаш покажува дека оваа криминална власт заинтересирана само за тендери мора веднаш да замине и да се спроведе мнозинската волја на граѓаните за промени.

Граѓаните имаат право на одговорни политичари кои се грижат за нивното здравје и нивните реални потреби, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски