Ако претходно ненадејно се појавуваше по болниците низ Македонија, делеше откази а, последно два часа седеше и на шалтер, министерот за здравство Никола Тодоров денеска освен што се прошета низ охридската болница, за да види како течат работите за изградба на новото болничко крило, не ги изненади присутите со ништо ново.
За време на неговата посета, Охрид го здрма и земјотрес со јачина од 4,5 степении, но Тодоров кажа дека не почуствувал ништо, иако дел од болничкиот персонал во паника излезе од своите простории.
„Имаше проблем со сеизмичката стабилност на целиот објект. Не смеевме да ризикуваме, во последно време сме сведоци и на неколку земјотреси што се случија и во Италија и во овој дел тука се почуствуваа. Затоа мораме да бидеме целосно сигурни дека она што го градиме е сеизмички целосно стабилно и одговара на сите стандарди во градежништвото“, рече Тодоров.
Министерот најави дека болницата ќе биде готова до крајот на годинава .За изградбата и за новите апарати кој ќе бидат инсталирани таму биле потрошени 260 милиони денари. Тој очекува охридската болница да прерасне во регионален центар во кој ќе се лекуваат пациенти од Албанија и Косово. Министерот не одговори кога и дали ќе следуваат казни и откази и за други раководни кадри по болниците низ земјава.
„Тоа неможам да го кажам. Никогаш кога прибегнуваме кон казни или други санкции тоа не го правиме за да задоволиме некое его или без никаква причина. Тоа секогаш е последница на некоја грешка која е направена или на некој начин на фунционирање кој што е неприфатлив за нас.Ако увидиме дека некаде има сериозни проблеми, и тие по нашите укажувања не се надминуваат и се тера по старо ќе прибегнеме кон такви санкции“, рече Тодоров
Додека во Охридската болница не работат неколку витални оделенија, во струшката болница рушат рекорди во своето работење. На гинеколошкото одделение досега се реалзиирани 600 породувања, додека на хирургија 650 хируршки интервенции што е за околу 70 % повеќе од интервенциите минатите години. Тодоров иако беше во Струга во
посета на болницата не отиде иако вработените и раководството го очекуваа неговото доаѓање од подамна за да му објаснат во какви тешки услови работат. Од охридската болница велат дека поради не работење на одредени одделенија, трпат загуби во своето функционирање и оти најголеми биле на гинекологија.
Мики Трајковски