Тодев Делчев: Жалам што ги заразив, сите во моето семејство сме позитивни на коронавирусот

Од:

Целото семејство на првиот синдикалец на полицијата, Гоце Делчев Тодев, е позитивно на коронавирусот. Откако минатата недела дознал дека е заболен од вирусот, резултатите од тестирањето покажале дека позитивни се и неговата сопруга, двете ќерки, на возраст од 24 и 15 години, и мајка му, која има 78 години. Претседателот на независниот полициски синдикат вели дека жали што неговото семејство мора да поминува низ ова, затоа што тој им го пренел вирусот, а се заразил од заболен колега на работното место во полициската станица во Блаце.

„Јас му го пренесов вирусот на моето семејство и многу ми е тешко поради овој факт. Бев дисциплиниран, веднаш се ставив во изолација откако дознав за позитивниот тест, но, најверојатно, реакцијата била задоцнета. Во домашна изолација сум од 7 јуни, резултатот од тестот го добив на 11 јуни, а најверојатно, како што реков, сум се заразил на 29 мај. Во тој период, додека не сум знаел дека го имам вирусот, сум го пренел на членовите од семејството со кои цело време бев во контакт“, вели Тодев Делчев за „А1он“.

Тој вели дека засега добро се носи со вирусот и има само повремено кашлање, но загрижен е за сопругата, која има хонично покачен висок крвен притисок, како и за децата, кои почнале да се жалат на отежнато дишење.

„Да се надевам дека нема да стасаме до болничко лекување, не дај боже до респиратори. Цело време сме во контакт со лекарите, особено за здравјето на ќерките, кои од утрово се жалат дека имаат проблеми да земат воздух. Сопругата Лилјана има покачена температура и висок притисок, нема да ѝ биде лесно во борбата со ова подмолна болест. Со короната најдобро излегува на крај мајка ми, која нè храбри, иако е највозрасна, да кажам и најризична. Но, таа засега нема никакви симптоми, што покажува дека нема правила кога е во прашање коронавирусот“, вели претседателот на независниот полициски синдикат.

Делчев Тодев се надева дека на крајот неговото семејство ќе излезе како победник во битката со коронавирусот. Порача до сите кои имале контакт со него во периодот од 29 мај до почетокот на јуни да се тестираат за коронавирус, затоа што, како што рече, ни самиот не се сеќава со колку колеги, познаници и пријатели во тој период имал средби.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Агитирање и летоци – нема посериозни инциденти за изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Поткуп со бонови за бензин, агитирање, закани по телефон за време на предизборниот молк

Катерина Ѓуровски

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он