А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

„То Вима“: Грција нема да прифати влез на Македонија во НАТО со привременото име

by А1он12/06/2017 - 13:10154
Share0

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во среда ќе ја посети Атина што е прва официјална посета на покана на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, информира грчкиот весник „То Вима“.

Добивај вести на вибер

„Првата посета на новиот министер за надворешни работи на Македонија во Грција е факт. Никола Димитров, македонски дипломат, кој во претходните години беше главен преговарач на Македонија во консултациите во рамките на ОН, редовен соговорник на грчкиот амбасадор Адамантиос Василакис кој ја претставува Грција во разговорите со Метју Нимиц за прашањето за името на Скопје“, пишува весникот.

„То Вима“ потсетува дека Димитров изразил волја неговата прва посета како шеф на дипломатијата да биде на Атина, по што грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас не ја пропушти можноста и веднаш го покани.

„Димитров, доаѓа во Атина во среда, и покрај фактот што меѓународната заедница верува дека новата влада ќе има повеќе помирувачки став со цел да се реши прашањето за името. Високи дипломатски фактори соопштија дека Грција нема да прифати влез во НАТО со привременото име, затоа што тоа ќе биде средство за де факто наметнување на двојно име, со што на крајот само Грција и меѓународните организации во кои Грција има право на вето ќе го усвојат привременото име на трајна основа, и за сите други намени ќе се гарантира употребата на уставното име ‘Република Македонија’“, коментира весникот.

Во текстот на крајот се истакнува дека Атина ќе се согласи за влез на Македонија во меѓународните организации само откако ќе се постигне крајно решение за името.

grcijanatoto vima

Би можело да ве интересира

САД се повлекува, Европа го презема кормилото на НАТО

Горан Наумовски17/02/2026 - 21:04

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 10:1017/02/2026 - 10:12

Марк Руте: Мораме да им обезбедиме на Украинците сè за да ја продолжат борбата

А1он14/02/2026 - 16:1514/02/2026 - 15:38

Руте ѝ се заканува на Москва: Нападот врз Сувалкискиот коридор ќе предизвика остар одговор на НАТО

Горан Наумовски12/02/2026 - 07:39

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски08/02/2026 - 15:4008/02/2026 - 15:49

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски04/02/2026 - 20:2104/02/2026 - 20:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен