ТМ: Обвинителите Зврлевски и Илиевски да отворат истрага по допрен глас за злоупотребите на ИПА фондовите

Од:

Изјавата на белгискиот експерт Питер Ванхауте дека постојат силни индиции за злоупотреба и за корупција при трошењето на дури 40 отсто од средствата од ИПА-фондовите кои ѝ биле доделени на Македонија, е уште еден финансиски скандал што ги потврди сериозните сомневања кај невладиниот сектор во земјата и на меѓународните организации за степенот на корупција во највисоките ешалони на властa, се наведува во извештајот на Транспарентност Македонија за март.

Овој потенцијален скандал упатува на тоа дека владејачката гарнитура сметала дека и доделените средства од европските фондови може да ги злоупотреби на ист начин како и средствата од Буџетот на државата.

„Во овој случај, кога постојат сериозни индиции за злоупотреба на големи износи на европските фондови, може со сигурност да се очекува наскоро да се вклучат европските надлежни институции, посебно ОЛАФ – Европска канцеларија против измами на Европската комисија. Оваа агенција на ЕК е формирана во 1999 г., а во неа се вработени 435 експерти, од кои повеќе од две третини работат на истраги за измами.

Нејзина надлежност е да ги истражува измамите против буџетот на ЕУ, корупцијата и сериозните злоупотреби и да развива политики против измами на ЕК. Резултатите од истрагите на ОЛАФ покажуват голема ефикасност во откривањето на злоупотребите и корупцијата со европските средства и конфискација на украдените пари: во последните петнаесетина години, покренати се повеќе од 3.500 истраги, а против 335 лица била покрената судска постапка, при што судовите од земјите членки донеле пресуди за изрекување на казни затвор од кумулативно 511 години.

tm-transparentnostmak

Повеќе од 1,1 милијарди евра од злоупотребените средства биле конфискувани и вратени во буџетот на ЕУ (без средствата за финансиски
казни) или биле конфискувани по 100 милиони евра годишно“, стои во извештајот на ТМ

Организацијата бара јавниот обвинител Марко Звлевски и јавниот обвинител од Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупција, Јован Илиевски, по допрен глас од јавноста (изјавата на Питер Ванхауте), да покренат постапка за утврдување на одговорност на сите потенцијално инволвирани во овој скандал.

„Тоа е единствениот начин да се пресретне големата штета по угледот на државата и да се амортизираат можните значителни финансиски реперкусии, како по однос на суспендирање на европските фондови за Македонија, така и за враќање на злоупотребените пари“, наведуваат од ТМ

Организацијата предупредува дека нашите обвинители не треба да чекаат истрага за ваквите сериозни сомневања да покрене ОЛАФ.

ТМ бара Државната комисија за спречување на корупцијата итно да отвори предмет во врска со овој случај за кој постојат сериозни индиции за корупција на високо ниво.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

Ниту една пријава до обвинителство за изборите – изборниот ден мина мирно

Анита Петровска Рајковиќ

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Обвинителството задоволно од пресудата во случајот со грабнувањето на Костадиновски

Орце Костов

Обвинителство: Институциите да се воздржат од споделување информации, убиецот на докторот од Железара не е откриен

Орце Костов