„Титаник” продолжува на 29 септември

Од:

Случајот „Титаник“, кој се уште е во фаза на доказна постапка, продолжува на 29 септември.

Во текот на денешното рочиште за случјаот за изборни нерегуларнсти, сведокот Наќо Николовски од Кичево изјави дека е член на ВМРО-ДПМНЕ од 90-тите години на минатиот век и секогаш донирал парични средства во партијата, но тоа го има правел во Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, а не во банка.

– Никогаш не сум уплатил во банка во име на партијата, меѓутоа секој месец сум донирал во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, во ОК-Кичево. Највисока сума што сум ја донирал беше 20 илјади денари во 2011 година пред изборите, а пред тоа сум плаќал членарина од две-три илјади денари. До моментот кога бев повикан во СЈО, не знаев дека во мое име е исплатен износ од 60 илјади денари. Уплатницата ја видов при распитот и потписот не беше мој, рече сведокот Николовски.

На прашање на обвинетиот Илија Димовски, дали бројот на лица кој плаќале членарина го надминува 500, тој наведе дека бројката била и поголема и дека од ОК ВМРО-ДПМНЕ – Кичево, потоа парите ги уплаќале во банка во име на партијата.

Судењето за овој предмет го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Меѓу главните обвинети за овој случај се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, екс-пратеникот Илија Димовски и други поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Според обвинението поднесено од поранешното СЈО, обвинетите се осомничени за кривичните дела повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Би можело да ве интересира

Елек за спасување од „Титаник“ продаден за 906.000 долари

А1он

Кејт Винслет за темната страна на славата по успехот на „Титаник“: Се плашев да заспијам!

А1он

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“