„Титаник“ одложен за 16 декември

Од:

Закаженото денешно рочиште за случајот „Титаник” се одложи за 16 декември. Причината за неодржувањето на ова рочиште беше претходно закажено судење за предметот „ТНТ“ кој го води истиот судија Осман Шабани, како и тоа што во двата предмети обвинет е Миле Јанакиески.

Овој судски предмет иако преставува едно од првите обвиненија поднесени од поранешното СЈО, се уште е во фаза на доказна постапка.

Обвинението за „Титаник“ го застапенува обвинителката Лиле Стефанова.

Меѓу обвинетите за незаконско финасирање на ВМРО-ДПМНЕ, повреда на избирачкото право и други кривични дела се и поранешната министерка Гордана Јанкулоска и поранешниот пратеникот Илија Димовски. Воедно, во отсуство му се суди и на Никола Груевски, кој мометално има статус на азилант во Унгарија.

Би можело да ве интересира

Елек за спасување од „Титаник“ продаден за 906.000 долари

А1он

Кејт Винслет за темната страна на славата по успехот на „Титаник“: Се плашев да заспијам!

А1он

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“