• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

„Титаник“ одложен поради изолација на член на Судечкиот совет, продолжува на 5 април

by А1он22/03/2021 - 10:49268
Share0

Денешното рочиште за предметот „Титаник“ е одложено поради издадено решение за изолација на член на Судечкиот совет, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Добивај вести на вибер

Според соопштението, одложено е и наредното рочиште предвидено за 29 март 2021 година, а следната расправа е закажана за 5 април.

Покрај поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска, Билјана Бришкоска-Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Маријан Накески, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Судењето за овој случај го води судијата Осман Шабани, додека обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.

titanik

Би можело да ве интересира

Кејт Винслет за темната страна на славата по успехот на „Титаник“: Се плашев да заспијам!

А1он22/12/2025 - 15:27

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Предраг Петровиќ26/01/2024 - 16:02

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Катерина Ѓуровски28/11/2023 - 10:23

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Катерина Ѓуровски16/11/2023 - 12:04

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Александар Тодески18/09/2023 - 12:36

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески18/09/2023 - 10:0718/09/2023 - 12:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен