„Титаник 2“: Фетаи сама во судница, одбраната не дојде

Од:

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи денеска дојде на јавната расправа во Апелација за случајот „Титаник 2“, но столчињата за адвокатите на обвинетите кои бараат две бомби на СЈО да не бидат доказ во постапката, останаа празни.

dobivaj vesti na viber

Обвинителката Фетаи рече дека од тие бомби директно се слуша како поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков и лидерот на ДПА, Мендух Тачи договараат местенки во Државната изборна комисија и во Управниот суд. Таа се повика на досегашната пракса на Апелациониот суд кој одлучи бомбите да бидат доказ во сите постапки на СЈО. Обвинителката Фетаи повтори дека прислушуваните разговори се незаконски креирани, но законски прибавени. Затоа побара бомбите да се репродуцираат на главната расправа за предметот „Тврдина 2“.

Апелациониот суд на јавна седница одлучува дали бомбите ќе бидат доказ во судската постапка за случајот „Титаник 2“, во кој се обвинети судии од Управниот суд за изборни нерегуларности од локалните избори во 2013 година.

Кривичниот суд на 2 октомври ги отфрли прислушуваните разговори на Специјалното јавно обвинителство како докази во обвинението за случајот „Титаник 2“, иако претходно на 18 септември Апелација прифати бомбите да бидат доказ во предметот „Триста“. СЈО поднесе жалба на одлуката на Основниот суд Скопје 1 за отфрлање на бомбите.

Во август годинава, Судскиот совет донесе одлука да им го одземе судскиот имунитет на петмината судии од Управниот суд обвинети во „Титаник 2“. Ваквата одлука беше донесена на барање на судијката која што го оценуваше обвинителниот акт. Во „Титаник 2“ беа обвинети уште пет лица од Државната изборна комисија, како и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Апелационите судии треба да одлучат дали бомбите се доказ само уште во предметите „Тортура“ и „Титаник“.

В.Маглешов

Би можело да ве интересира

Побаран куќен притвор за Јанакиески

Кристијан Ландов

Титаник: Јанакиески доби најголема казна од 4,6 години, Протуѓер е условно, Јанкулоска 2,6 години затвор

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Каевски: Признанијата за „Титаник“ ги потврдија криминалот и изборните измами на ВМРО-ДПМНЕ

А1он

Стефанова побара условни казни за Протуѓер и Јанкулоска во „Титаник”, но не и за Јанакиески

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Признанија за вина во „Титаник“: Протуѓер, Јанкулоска, Јанакиески и пет други обвинети преземаа одговорност

Кристијан Ландов

Дума и Кондарко повторно сведочеа во „Титаник 2”

Ана Ололовска