Тинејџер од Чаир го нападнал татко си, настрадал постариот брат

Од:

17-годишен жител на скопската населба Чаир вчера се обидел да го нападне сопствениот татко, а во инцидентот настрадал неговиот една година постар брат, кој е повреден.

Вчера во 02.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Чаир лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Скопје, затоа што се обидел физички да го нападне неговиот 46–годишен татко, а при обид да го спречи нападот со повреди се здобил неговиот 18-годишен брат,“ пишува во полициското соопштение.

Малолетникот бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари