Тимоние: Претстојните месеци да се искористат на најдобар начин за да може реформската агенда целосно да се спроведе

Одредени реформи се веќе спроведени, остануваат и други реформи што треба да се спроведат и навистина билансот е веќе направен. На почетокот на летово ќе има важни средби што ќе се одржат, но исто така и на почетокот на есента. Рано е да се прават анализи. Се наоѓаме во суштинскиот период за Европската Унија, впрочем исто како што и периодот е многу значаен и за самите Вас. Но, ако треба да извлечеме каков било заклучок од сето ова ќе кажам дека месеците кои претстојат треба да се искористат на најдобар начин за да може реформската агенда целосно да се спроведе, особено тука мислам на законот за Специјалното јавно обвинителство.

Ова денеска го истакна францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање дали тоа што не добивме датум за преговори во јуни со ЕУ се должи на неспроведување на реформите или на внатрешните проблеми или несогласувања внатре во ЕУ. На прашање дали законот за СЈО е услов за добивање зелено светло и од Франција рече дека станува збор за значајна тема за повеќе држави-членки на Унијата, затоа што, како што појасни, тоа е доказ за владењето на правото.

– Ние Ве придружуваме на тој пат. Во моментот не можам да ви дадам точен датум, но сакам да знаете дека ние сме со Вас. Европското знаменце е со ѕвезди и знаете дека тие се убаво распоредени и благо наклонети, за до крајот на годината да се добијат позитивни одговори на сето она што вие го очекувате. Во моментов државите-членки разговараат меѓу себе и будно следат се она што се случува во Северна Македонија. А во таа област сакам да ја истакнам особено француско-германската соработка, но и развојот на состојбата во целиот регион во рамки на стратегијата што ја објави нашиот претседател на државата. Завршивме и со организирањето на последниот семинар, што е наменет за подготовка на Секретаријатот за европски прашања за водење на преговори, рече Тимоние пред отворањето на меѓународната конференција „Од партнерство до членство: Северна Македонија и француско-германската перспектива“ во организација на Европското движење и Фондацијата Конрад Аденауер.

Потенцира дека минатата недела имало зачестени контакти меѓу Франција и Северна Македонија, односно консултации кои се одржувале во претседателството на Франција, францускиот Секретаријат за европски прашања, Францускиот сенат и во француското Собрание.

– Можам да кажам дека во моментов сме во интензивни дискусии меѓу двете земји. За годината што измина имаме навистина позитивен биланс, особено во постигнувањето и потпишувањето на Преспанскиот договор и постигнатиот Договор за добрососедство со Бугарија, додаде амбасадорот Тимоние.

Потпретседателот на Евроското движење Мухамед Халили рече дека се работи за две различни концепции – француска и германска. Според него, француската концепција е потешка и подолга, а тоа е планот за Западен Балкан на Франција што подразбира тесна соработка во стопанството, финансиите, одбраната, внатрешните работи, зацврстување на стабилноста не само во државата, туку и во зачувувањето на границите, додека германскиот став е многу полесен, затоа што се повикува на проширување на ЕУ.

– Дали сега ќе омекне нивниот став ќе видиме. Засега нема такви индиции, но секако дека би очекувале и би било оптимисти одлуката да се донесе во декември, а во јануари да почнат процесите на преговарање со земјите-членки, додаде Халили.

Би можело да ве интересира

Мадуро: ЕУ уценува со нови санкции

Меркел: Британија ќе остане партнер дури и кога нема да биде во ЕУ

Ана Ололовска

Брегзит без договор ќе ја чини Велика Британија 60 милијарди фунти

Кандидати за еврокомесари во идниот состав на ЕК

Ана Ололовска

Фон дер Лајен: Земјите од ЕУ да предложат по двајца кандидати за еврокомесар – жена и маж

Ана Ололовска

Новите алатки за заштита на правната држава пред министрите на ЕУ

Ана Ололовска