Тимоние: Македонија по гласањето на законот за јазиците треба да се сврти кон реформите

Од:

Македонија по гласањето на законот за јазиците треба да се посвети на реформите, изјави денеска францускиот амбасадор Кристиан Тимоние денеска во Тетово, одговарајќи на новинарско прашање во врска со законот за јазиците.

– Во Македонија треба да се почитува дијалогот и во секој случај овој закон е изгласан, меѓутоа при неговата примена треба да се почитува духот на консензусот. По овој закон треба да се сработи тоа што е зацртано и да се стави фокус на реформите, истакна Тимоние, кој денеска беше во посета на тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“.

Средношколците подготвија уметничка програма за амбасадортот, која беше проследена со изложба од слики и знамиња од сите земји на Европската унија.

Тимоние од претставници на училиштето доби на подарок и албанска традиционална носија.

Би можело да ве интересира

Тардиф: Мора да бидеме подготвени за руски шокантен напад врз НАТО

Трамп бесен на Франција и Италија: Ќе го запаметиме ова

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз