Тилевски: Враќање на автентичноста и сјајот на Охридската чаршија

Од:

Охрид претставува лулка на културните, традиционалните, историските и религиски вредности. Охрид е белег на македонската култура, додека пак за Охрид, траен белег е Чаршијата. Затоа со проект ќе се изработи стратегија и акциски план за реконструкција и замена на дограмата со традиционални излози во охридската чаршија, најави денеска Митко Тилевски, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Целта на проектот е враќање на автентичноста и сјајот на Охридската чаршија, преку изготвување на идејни решенија, стандарди и правилници за уредување на угостителски тераси, тенди, дуќани и излози и замена на постојните алуминиумски и пластични разнобојни дограми и излози со традициоанална висококвалитетна дограма, изјави тој.

Тилевски уште најави типизирани тезги, псставени на строго определени локации на градот, рекламни билборди со фотографии од стар Охрид.

– Изобилството на стари автентични фотографии со локации од Охрид од минатото е одлична можност за привлекување на вниманието не само на туристите туку и на граѓаните на Охрид, со цел враќање во времето низ еден визуелен времеплов и согледување на самата еволуција на градот. Билбордите ќе се постават на повеќе локации од градот со автентични фотографии како сведоштво за изгледот на градот во минатото, рече тој.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори