Тилевски: Охрид е туристички центар не само во рамки на Македонија, туку и во светски рамки

Од:

Митко Тилевски, кандидатот за градоначалник на Охрид на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција најави повеќе проекти во насока на натамошен развој и промоција на градот како најпозната туристичка дестинација во земајта.

– Охрид се издвојува како туристички центар не само во рамките на Македонија, туку и во светски рамки. Со големата промоција на Охрид низ светските медиуми се постигнува голем успех кој резултира со перманентно зголемување на бројот на странски и домашни туристи. Со сериозна стратегија и пристап до висок локален економски развој и туризам. Затоа велиме: Туризам. Туризам. Туризам, изјави Тилевски.

Тој најави отворање туристичко биро во рамките на ТЛЕР, со примарна цел промоција на туристичката понуда и производ на градот, давање услуги во посредување при сместување, инфомација за настани и туристички производи, дистрибуција на промотивен материјал и сл.

Притоа перманентна промоција на туристичкиот потенцијал на Охрид преку директни промоции во повеќе градови, традиционално одржување на туристичката „Промотивна тура“, поддршка на Фестивалот „Охрид Цаллинг“, интензивирање на меѓународната соработка со институции од соседните држави, збратимените градови…

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?