Тилевски најави повеќе инфраструктурни проекти за Охрид

Од:

Митко Тилевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид денеска најави реализација на повеќе инфраструктурни зафати за време на неговиот мандат доколку ја добие довербата на граѓаните на престојните локални избори.

-Квалитетно изработена урбанистичко-планска документација овозможува заштита и унапредување на животната средина, а пак уредувањето на просторот и неговото планирање во дослух со граѓаните креира пософистициран лик на Општината и овозможува нејзино просторно искористување, рече тој пред медиумите.

Тилевски најави измена и дополнување на деталните урбанистички планови, со цел изградба на комплетна инфраструктура во индустриска зона „Мауцкер“, потоа современ стационар за животни и шинтер-служба, уредување на просторот кај „Бејбунар“…

– Добрите инфраструктурни, водоснабдителни и канализациони системски решенија, обезбедуваат континуиран развој на општината во секој нејзин дел, вклучувајќи ги како градските така и руралните средини. Преку изградбата и реконструкција на водоводните и канализационите системи паралелно со уредувањето на зелени површини во Општината, директно придонесуваме за почиста, а со тоа и поздрава животна средина за сите нас, рече тој ветувајќи изградба или доизградба на водоводни системи на улиците: „Јане Сандански“, „Абас Емин“, „Будва“, „Вардар“, „Васил Стефоски“, „Христо Узунов“, населбите Рача, Горно Лакочереј, Пештани, Лагадин и Куратица.

Тилевски вети и системи за фекална канализација во Лескоец (4 фаза), Велгошти, населба Рача, реконструкција на системите во урбните населби „15 Корпус“, „Стив Наумов“, „Абас Емин“, „Железничка“, „Будва“, „Александар Турунџиев“, „Ристо Чадо“.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ