„Вчера по повод на Денот на образование на турски јазик, кој е единствен национален празник на Турците во Македонија, во салата Борис Трајковски се одржа прослава. Настанот беше организиран од страна на невладниот сектор, тажно и понижувачки е што и оваа година овој национален празник не доби финансиска поддршка од државниот буџет.
На свечениот настан се појави и Премиерот Никола Груевски кој масовно беше исвиркан од страна на неколку илјадната публика. Ова е чист доказ за тотално лошата политика на Груевски кон Турската заедница во Македонија.
Партијата за Движење на Турците јавно и отворено го прашува Груевски; со кое лице се појави пред Турскиот народ во Македонија? Зарем Премиерот нема ниту грам срам и доблест што и понатаму се подбива со Турците во Македонија?
Која перверзија и контрадикторност е тоа што Груевски ги поздравува Турците по повод на Денот на образование на турски јазик, а голем дел од турските ученици наставата ја следат во несовремени услови, немаат учебници на свој мајчин јазик?!
Дали Груевски заслужи да се појави на прославата поради тоа што знае како да ги фати Турците за уши и да го носи на гласање? Или пак заради тоа што владата со чело на Груевски Турската заедница во Македонија ја третира како граѓани од трет ред, кои се дискриминирани во секој поглед и сегмент од општеството.
Груевски веќе со години ветува дека ќе се оствари изградбата на Турскиот Театар, но и понатаму оваа ветување останува само фарса. Можеби Груевски и за овој проект планира да бара донација од пријателската Република Турција?!
Во изминативе 10 години потрошивте повеќе од 25 милијарди евра, кажете отворено колку потрошивте за потребите на граѓаните од турската заедница?
Завршува владеењето на зулумот врз Турците. Турците не ви се плашат, вчера тоа го покажаа храбро и одлучно! Турците имаат порака: Доста е Никола, збогум Никола“, се вели во соопштението на Партијата за Движење на Турците.