„Поранешниот премиер Никола Груевски продолжува со навредливите изрази кон Турците. Периодот на владеење на Груевски во Македонија најмногу ги погоди помалку бројните етнички заедници, особено припадниците на турската заедница. Во тој период навредливите изрази ги слушавме од сите негови соработници. Турската заедница беше тотално запоставена и заборавена од државата и нејзините институции кои вршеа голем притисок кон турската заедница со цел режимот на Груевски да остане на власт, газејќи ги сите човечки и демократски вредности. Денес обвинетиот Груевски за да се заштити од обвиненијата, го напаѓа периодот на владеење на Османлиската држава, велејќи дека ,,вакви монтирани случаи немало ни во турско време“.
Сакаме да го потсетиме дека периодот за кој зборува, судењата сигурно биле поправедни, отколку во десет годишното негово владеење. А што е со неправдите, омаловажувањето, навредите и теророт кои го правеше кон припадниците на турската заедница. На Турците и на турското лоби овие постапки на Груевски и неговите поранешни соработници им се познати, освен за неговите соработници „Турци“ кои до неодамна беа во коалиција со неговата партија. Веруваме дека неговите искази нема да бидат предмет за разгорување на меѓуетничка нетрпеливост, всушност во периодот на неговото владеење тој и неговите соработнци криминалот го криеа токму на тој начин. Владата на СДСМ и коалицијата, работи на подобрување на меѓуетничките односи, говорот на омраза е забранет со закон“ се вели во соопштението на Партијата за Движење на Турците.