ТХП: Да се создаде четврти канал на МРТВ за помалку бројните етнички заедници во Македонија

Од:

„Партијата за Движење на Турците изразува силно незадоволство во врска со моментална состојба на јавниот ТВ сервис, особено поради лошата конституција и начин на делување на МТВ2. Затоа сметаме дека е нужно да се создаде нова програма во рамките на МРТВ, односно четврти канал кој ќе биде наменето само за потребите на помалку бројните етнички заедници во Македонија.

Сметаме дека ваквиот чекор конечно ќе придонесе за професионализација и на сегашната турска програма чија егзистенција е само де факто и воопшто не придонесува за објективно, актуелно, професионално и богато информирање на турската заедница. Исто така на овој начин конечно помалку бројните етнички заедници ќе добијат поширока временска покриеност и самите ќе можат да си ги одредат своите термини и да си ја збогатат палетата на емисии.

Факт е дека оваа решение бара додатен буџет за МРТВ, но во услови каде што државниот буџет служи за пропаганда на владеачката партија низ приватните телевизии, овие додатни трошоци воопшто не би требало да се дискутабилни и ќе бидат потрошени за поизитивен развој на медиумите, јавниот сервис, но и ќе одиграат клучна улога за создавање на професионални и соодветно едуцирани кадри кои ќе придонесат за точно информирање, негување на свој јазик, култура и традиција на помалку бројните етнички заедници“, се вели во соопштението на ТХП.

 

Би можело да ве интересира

Инцидент во зградата на МРТВ: Вработен во обезбедување нападнат од колега

Горан Наумовски

Македонската телевизија не се емитува во Бугарија, Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто

Катерина Ѓуровски

Програмскиот совет при МРТ и ЗНМ: На нетранспарентен начин се крати буџетот на МРТ

Ана Ололовска

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

Ана Ололовска

ТХП: Нема да соработуваме со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на С. Македонија

Ана Ололовска

МАН: Собранието да ги избере новите членови во советите на МРТ и на АВМУ преку постоечкиот закон