Теута Арифи се сретна со баронесата Д’Соуза

Од:

Баронесата Францес Д’Соуза, спикер на Горниот Дом на Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, во рамки на нејзината официјална посета во Република Македонија, денеска имаше средба со градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи.

Како што информира Службата за односи со јавноста на општина Тетово, за време на средбата се дискутирало за развојните карактеристики и потенцијали на Тетово како втор град по големина и важност во нашата земја, како и за евро-атлантската перспектива на Република Македонија, процеси што се поддржани од повеќето граѓани во земјава.

Градоначалничката Арифи ја информирала баронесата Д’Соуза за плановите на општина Тетово за подигање на ефикасноста и професионалноста на услугите што ги нуди општината, за олеснувањето на постапките за отворање на нови бизниси, како и за соработката во спроведувањето на заедничките проекти со централната власт и меѓународните организации и финансиски институции.

Баронесата Д’Соуза и градоначалничката Арифи разговарале и за можностите за примена на програмите за кредитирање на малите бизниси за жените, како и за зајакнување на улогата на граѓанското општество во трансформирањето и зајакнување на локалната демократија, стои во соопштението од општина Тетово.

Би можело да ве интересира

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии