Теута Арифи: Принципот „победник со победник” не е спомнат во Мајскиот договор

Од:

Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи за Алсат-м изјави дека принципот “победникот со победникот“ не е спомнат во Мајскиот договор од 2007 година.

Арифи смета дека по изборните резултати, неправедно би било нејзината партија да се повикува на овој принцип, бидејќи го нема легитимитетот на албанските гласачи.

„Тој договор има пет точки, а во петтата точка се вели дека по надминувањето на кризата и по враќањето на ДУИ во Собранието ќе се разговара за формите на составување на Влада. Значи не е прецизен. Тоа во овој момент е тешко да се спроведе или речиси е неспроведливо, со оглед на фактот што тоа не се подразбира на прецизен начин, таму не е прецизирано дека треба да имаме две јасни мнозинства. Тргнувајќи од фактот дека ние немаме апсолутен легитимитет за спроведување на овој принцип, тоа е многу тешко да се спроведе“, изјави Теута Арифи за Алсат-м.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи пак рече дека почитувањето на овој принцип е многу важен. опции.

“Прва опција е коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. За тоа има аргументи “За“ и “Против“. Главниот аргумент “За“ и можеби единствената причина зошто преговараме за можна коалиција е токму тој важен принцип, “победникот со победникот“, рече Османи.

Почитување на договорот побара и Емил Димитриев, кој беше премиер заспроведување на изборите и кој се уште ја врши функцијата а верификуван му е мандатот за пратеник.

Зборувајќи за Мајскиот договор и за принципот “победникот со победникот“, самиот премиер Никола Груевски во 2007 година изјави дека станува збор за устен договор кој нема тежина на документ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

ДУИ: Во сабота почнува граѓанска иницијатива за заштита на Охридскиот мировен договор

А1он

Ајдари: ДУИ е за една изборна единица, со отворени листи и со изборен праг од 5 проценти

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања