Теута Арифи не е кандидат за Вашингтон, тврди Заев

Од:

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи не е кандидат за амбасадор во Вашингтон, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој одговарајќи на новинарско прашање на настанот за проширување на улицата „Никола Карев“, позната како Пластичарска, истакна дека Арифи е негова пријателка, ја поддржува во активностите како градоначалник на Тетово, се реализираат повеќе проекти, но таа не е ниту понудена како кандидат за Вашингтон, ниту пројавила интерес.

-За Теута Арифи воопшто не е разговарано. Таа е мој пријател, ја поддржувам, и помагаме во делот на Тетово, се реализираат проекти, развиваме сериозни големи инвестиции во Тетово, но таа ниту изразила желба, ниту некаде е понудена како кандидат, рече Заев.

Во врска со тоа до каде е проценудата за именување кандидат за амбасадор во Вашингтон, Заев рече дека има квалитетни кандидати, но се уште немаат консолидирана одлука.

-Знаете амбасадорската постапка прво е политичка, потоа е професионална. Министерот за надворешни работи разговараше и со претседателот и со мене и со други важни личности. Верувам дека во брзо време ќе најдеме решение. Вчера донесовме одлука за 21 кандидат и тоа е само дел од постапката, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Заев го повикува Мицкоски да најдат решение за да се донесе законот за јавно обвинителство пред распуштање на Собранието

Ана Ололовска

ВИДЕО: Прием на претседателот Пендаровски за претставниците на дипломатскиот кор

Ана Ололовска

ВИДЕО: Спасовски и Заев се сретнаа со Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во седиштето Цариградската Патријаршија во Истанбул

Ана Ололовска

Заев – Џанг Ѕоу: Пријателството со НР Кина носи придобивки за сите граѓани, ја продолжуваме соработката во нови области

Ана Ололовска

Укинување на визите и продлабочување на билатералната соработка, најави кинескиот амбасадор Џанг

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја присили Ангеловска да лаже дека нема забрана за комуникација со заменичката

А1он