Тетовската полиција казни 144 возачи за пребрзо возење, секој десетти возел за 70 км/ч побрзо од дозволеното

Од:

Полициски службеници од СВР Тетово, денеска спроведоа зајакната акциска контрола за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 144 возачи. Од нив 16 се движеле со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, а 91 со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, информираат од МВР.

Истакнуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Касами ги викна владиката и муфтијата за заедно да се борат за соживот во Тетово

А1он

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он