Тетово, рекордер по аерозагаденост

Од:

Поволните временски услови во пролетниот период го подобрија квалитетот на воздухот во цела Македонија. Само во Тетово, пет дена по ред, концентрацијата на штетните ПМ10-честички во воздухот е повисока од дозволените вредности. Градот под Шара, овој праг го надминува неколкупати месечно и сè уште останува црна точка на картата на аерозагадување во Македонија.

Поради ваквата состојба, Министерството за здравство препорачува децата, хронично болните и старите лица да избегнуваат престој на отворено, а сите други да ги ограничат движењата и активностите во најзагадените зони од градот.

Вчера во Тетово беше измерена двапати повисока среднодневна концетрација на ПМ10 од максималната.

Штетните ПМ10-честички од почетокот на годинава досега атакуваат на здравјето на тетовци 119 дена, а во интерес на здравјето, во една година не смее да има повеќе од 35 загадени денови. Колку за споредба, во Скопје, кој, исто така, е град со голема аерозагаденост, имало 50 дена загаден воздух.

На интернет-страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање, во случај на загадување на воздухот во пет последователни дена, стои препораката „Да се користи јавен превоз, односно да не се користат возилата без поголема потреба“. И покрај овие препораки, во Тетово јавниот превоз сè уште не функционира, иако неколкупати беше најавуван од градските власти.

Главни извори на ситните честички од прав се издувните гасови од моторните возила, правот на улиците, палењето отпад и индустријата.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Вработена во казино лажела дека била ограбена

Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско