А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Тетовец во станот на својата девојка криел таблети за стимуланс на централниот нервен систем

by А1он10/09/2024 - 09:42403
Share0

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишен тетовец со непријавено престојувалиште во Скопје, кој е осомничен дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Следете a1on на Instagram Instagram

На 9 септември, по пријава за нарушен јавен ред и мир, полициски службеници дошле во станот на улицата „Миле Поп Јорданов“ во Скопје, каде осомничениот престојувал со неговата девојка. Констатирале прекршок поради расправија на осомничениот со таткото на девојката, а таа на полицајците им предочила дека осомничениот имал некаков вид недозволени супстанции кои ги чува во нивниот дом. Како непосреден држател на станот таа дала согласност службени лица да влезат во домот и да извршат претрес, при што биле пронајдени 501 таблета од 3,4 метилен-диоксиметамфтамин, стимуланс на централниот нервен систем, спакувана во една поголема најлонска кеса.

До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Притоа, како причина за побараната притворска мерка се наведени околности што укажуваат на опасност од бегство, оправдан страв дека тој ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и вештаците и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

dilerpritvor

Би можело да ве интересира

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

Горан Наумовски04/11/2026 - 18:29

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1,1 милион евра

А1он03/11/2026 - 17:21

30 дена притвор за Марко Кричак и Бошко Секуловиќ

Горан Наумовски03/11/2026 - 08:35

Обвинителството бара притвор за 20-годишник кој нападна дете од спротивната навивачка група пред „Јане Сандански“

Горан Наумовски01/11/2026 - 20:4401/11/2026 - 20:45

Триесет дена притвор за осомничените за убиствата во Хром и во Ѓорче Петров

Горан Наумовски01/11/2026 - 16:51

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

Горан Наумовски22/10/2026 - 16:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео