Тетовец тешко повреден при пад од покрив на куќа

Од:

Осумдесет и седум годишниот Ќ.С. од Тетово се здобил со тешки телесни повреди откако вчера околу 7 часот и 30 минути паднал од покрив од висина од околу два и пол метри, информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според него, старецот менувал ќерамиди на покривот од неговата стара куќа на улицата „Мурат Бафтијари“ во градот кога при засега неутврдени околности загубил рамнотежа и паднал на земја.

– Тоа го забележал неговиот сосед, кој повикал екипа на прва помош, кои многу скоро пристигнале и го пренеле тешко повредениот тетовец во клиничката болница во градот од каде по укажаната лекарска помош како итен случај бил префрлен на скопските клиники, изјави Јосифоски.

По овластување на јавен обвинител увид на местото увид извршила екипа на СВР Тетово и работи на утврдување на причините, околностите и се друго поврзано со случајот.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски